2022 AP7

2022 AP7
Откривање[1]
ОткривачСкот Шепард
Откриено воопсерваторија „Серо Тололо“
Откриено13 јануари 2022
Ознаки
БЗТ · аполонски · ПОА[2]
Орбитални особености[3]
Епоха 9 август 2022 (ЈД 2459800.5)
Параметар на неодреденост 1
Лак на набљудување4,86 г (1.774 дена)
Афел5,015 ае
Перихел0,833 ае
2,924 ае
Занесеност0,7151
5,00 г[3]
25,857°
0° 11м 49,647с дневно
Наклон13,835°
192,377°
30 март 2022
113,590°
Земјино НРОП0,04716 ае (7.055.000 км)
Јупитерово НРОП1,19258 ае (178,407 Гм)
Физички особености
Среден пречник
1,1–2,3 км[4][б 1]
1,2 km[5][б 2]
17,1 ± 0,2[4][3]
17,3 (ЦМП)[2]

2022 AP7аполонски астероид голем околу 1 км и заведен како потенцијално опасно тело. Откриен е на 13 јануари 2022 г. од Скот Шепард со Камерата за темна енергија на опсерваторијата „Серо Тололо“ во Чиле.[1]

Астероидот претставува најголемото потенцијално опасно тело во изминатите осум години пред неговото откривање во 2022 г.[6][7][б 3]

Астероидот засега не прави забележливи доближувања до Земјата бидејќи се наоѓа во приближна резонанца од 1:5 со Земјата, и му треба 5 години за да сврти околу Сонцето во високоелиптична орбита.[3] Поради оваа резонанца, тој редовно се наоѓа во положби каде условите за набљудување се неповолно; астероидот станува најсјаен при мали сончеви издолжувања и најслаб (прив. велич. 25)[10] на противположба каде е најоддалечен од Земјата.[4] Поради ова, 2022 AP7 може делотворно да се пребарува само на самрак кога е најсјаен; астероидот бил 45 степени од Сонцето при неговото откривање.[4][11] Во март 2022 г. бил оддалечен 1,4 ае (210 милиони км) од Земјата и нема да дојде толку блиску сè до март 2027 г.[10]

Астероидот не е заведен како ризик. Со текот на илјадници години неговата орбита ќе се промени поради доближувања до Јупитер и Марс.

  1. 1,0 1,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име MPEC2022-B21.
  2. 2,0 2,1 2022 AP7 na Центарот за мали планети, посет. 31 октомври 2022 г
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име jpldata.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Sheppard et al. 2022.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име esa.
  6. Space.com 2022.
  7. CNN 2022.
  8. 2014 LJ21 на Центарот за мали планети, посет. 31 октомври 2022 г
  9. 2022 RX3 на Центарот за мали планети, посет. 1 ноември 2022 г
  10. 10,0 10,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Horizons.
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Horizons2022.


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.


From Wikipedia, the free encyclopedia · View on Wikipedia

Developed by Tubidy